Оваа камена куќа била изградена меѓу четири големи карпи кои служат како нејзини ѕидови, темели и таван.
Зградата се наоѓа на северот на Португалија, на рид на планините Фафе. Поради својот необичен изглед, стана вистинска атракција и редовно ја посетуваат многу љубители на дизајнот и архитектурата, но и туристи од целиот свет.
Во куќата нема електрична енергија, иако во близина се наоѓа ветерница. Сè е од камен, освен вратите, прозорците и покривот, а внатрешноста зрачи со рустичност.
Мебелот и скалите се направени од дрво, а секоја соба има посебна форма. Има камин од камен, а надвор има необичен базен, исто така направен од камен.