X
 03.09.2018 Наука

„Неуралинк“: Човечкиот мозок ќе може да презема податоци директно од компјутер

„Неуралинк“, компанија за невротехнологија на Илон Маск, гради алатка за поврзување на човечкиот мозок со компјутер без физичка врска.

Се очекува компанијата, со седиште во Сан Франциско, Калифорнија, да развие имплантирани мозочно-компјутерски интерфејси.

„Неуралинк“ има цел да создаде уреди што ќе третираат сериозни болести на мозокот или негово оштетување предизвикано од мозочен удар. Ова е нивната краткорочна цел. Долгорочно, целта на компанијата е да развие технологија за засилување на човекот. Дел од инспирацијата на Маск за создавање на компанијата е научнофантастичниот концепт наречен „невронско врзување“ што е дел од измислениот универзум на шкотскиот автор на романите „Културата“ на Иан М.Банкс.



Станува збор за компјутерско-мозочна интерфејс-технологија што би можела да му дозволи на човечкиот мозок да се натпреварува со вештачката интелигенција. Во моментов Илон Маск ги финансира истражувањата за развивање на технологијата на „невронско врзување“. Ова е новата технологија што може да ги поврзе човечките мозоци со компјутери без потреба од физичка врска.

Ова би било можно со имплантирање мали електроди во мозокот. Резултатот би бил подобрување на меморијата и когнитивните сили со ефективно спојување на луѓето и вештачката интелигенција. „Неуралинк“ е мешавина на футуристички науки и хирургија на мозокот. Поврзувањето на човечкиот мозок директно со компјутери и други електронски уреди преку кибернетички импланти му овозможува на мозокот да се поврзе со уреди и програми.
Според Маск, интерфејсите помеѓу мозок и машина се важен дел од иднината на човештвото.

- Сите ние веќе сме киборги. Имате продолжување на машината во форма на вашиот телефон и вашиот компјутер и сите ваши апликации... имате далеку повеќе моќ, поголеми способности отколку претседателот на САД пред 30 години - изјави тој.

Накратко, „невронското врзување“ е ултратенка мрежа вградена во черепот што формира тело на електроди кои можат да ја следат функцијата на човечкиот мозок. Според Маск, без создавање технологија на невронско врзување, луѓето нема да можат да продолжат со брзиот напредок што го има вештачката интелигенција.

Како апликација што функционира веднаш, невронското врзување потенцијално може да им помогне на пациентите кои страдаат од повреди на мозокот и одредени болести. Во одреден момент оваа технологија ќе им овозможи на луѓето да испраќаат и да преземаат информации директно од компјутер.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука