Комуникацијата со постарите родители често знае да биде напорна. Поради генерацискиот јаз, неретко се јавуваат конфликти и недоразбирања меѓу вас.
Уметникот Александар Галитски со години работи со постари луѓе, учејќи ги како да прават скулптури од дрво или да сликаат.
Ова се неговите правила за комуникација со постари луѓе, односно со родителите:
1. Не обидувајте се да ги промените
Кога бевме деца нашите родители „нè вадеа од памет“ со приказните за детето на соседите кое „ги има сите петки“ и кое беспоговорно ги слуша своите родители.
Сега кога тие остареа, веројатно за да ги поттикнете, честопати им говорите: „Соседот секој ден шета, а ти по цел ден седиш дома“.
Не обидувајте се да ги промените. Не можете да ги смените луѓето на таа возраст. Можете само да ги прифатите такви какви што се. Ако пушат на свои 80 години, веројатно нема да сакаат да се откажат од цигарите, без оглед што знаат дека не се добри за нив.
2. Не обвинувајте се
Вината ќе нè стигне сите, побрзо или подоцна. Без оглед што ќе се случи, секогаш во еден период од животот ќе се чувствувате како губитник; не сте го завршиле она што се барало од вас, сте им викале без потреба итн. Не обвинувајте се.
Секој од нас мора да води сметка за себе и да се опушти. Ако живеете за да им удоволите на своите родители, на крајот ќе се доведете во ситуација да ги обвинувате за својот неуспех.
Зошто не се омаживте? Зошто не родивте деца? Тоа не е одлука на вашите родители, туку лично ваша. Вие го живеете својот живот, па дозволете им и ним да си го живеат својот.
3. Не влегувајте во конфликт
Со постарите родители често треба да постапувате како со мало дете – трпеливо. Никогаш не реагирајте на нивната агресија, повишен тон или навреденост. Ако реагирате – вие губите.
Сослушајте ги и обидете се да го решите нивниот проблем или причината за нивната вознемиреност. Тоа е единствениот начин на крајот да не чувствувате вина.
4. Не очекувајте комуникацијата да претставува задоволство
Тие се нервозни, нерасположени или што било друго. И тие се само луѓе. Затоа, ако се налутени, разговарајте со нив, не штедете ги само затоа што се стари.
Што можете да направите за да им помогнете на своите родители:
•
Покажете сочувство, но не и сожалување
Сочувствувањето е многу важно, но немојте да се однесувате како тие да се беспомошни и бедни.
•
Бидете нивна потпора
Никогаш немојте да одите кај своите родители за да им се жалите или да лелекате. Секогаш имајте две приказни: едната за нив, а другата - вистината. Затоа што тие целиот свој живот го посветиле на вашиот успех и ќе им биде многу тешко ако вие не сте задоволни.
Далеку од тоа дека би требало да ги лажете, но вие сте млади и поспособни од нив во своите години. Бидете нивна потпора, тие долги години биле ваша.
• Простете им
Многу е важно да научите да го заборавите минатото. Ако денес не им простите на вашите родители, утре можеби ќе биде доцна. Мораме да бидеме доволно силни и да тргнеме од почеток.
Секогаш имајте на ум дека ве имаат само вас, и без оглед колку сте возрасни или успешни, за нив сте само
нивното дете.