После 2 години истражување, тимот од јапонски и француски научници објавил дека во внатрешноста на Кеопсовата пирамида најверојатно се наоѓа голема празнина.
С
è уште не е дефинитивно потврдено дека празнината постои, а не може да се знае дали содржи некои вредни работи.
Научниците користеле техника позната како миографија што може да почувствува промени во густината во големите карпести структури. Пирамидите биле изградени помеѓу 2059 и 2483 година п.н.е и содржат три големи комори и неколку премини.
Наводната празнина се наоѓанад комората Голема галерија, долга 47 и висока 8 метри.
„Не знаеме дали празнината хоризонтална или наведната“, вели Мехди Тауоби од парискиот институт и додава дека се сигурни дека се наоѓа голема празнина што е прилично импресивна.
Научниците од тимот „СкенПирамидс“ се доста внимателни околу опишувањето на празнината и за нив таа не е комора. Американскиот археолог МаркЛехнер с
è уште не е уверен дека ова откритие има големо значење.
„Тоа би можело да биде некој вид простор што градежниците го оставиле за да го заштитат кровот на Големата галерија од тежината на пирамидата“, вели тој.
За него празнината е „аномалија“ и дека мора да се насочат на тоа, особено во период кога не можел да се пробие патот со помош на експлозиви како што тоа го правел британскиот египтолог Хауард Вајс кон почетокот на 1800-те.
Хејни Хелаи, еден од лидерите на тимот, е уверен дека
празнината е премногу голема за да има улога на „олеснувач“ на притисокот. Вели дека се обидуваат да ја разберат внатрешната структура на пирамидите и начинот на кој била изградена.