X
 06.05.2018 Наука

Луѓето имаат втор имунолошки систем што може да им го уништи нивниот љубовен живот

Активирањето на нешто што се нарекува бихевиорален имунолошки систем става кочница на љубовниот живот, покажува едно истражување.

Пред околу една деценија, еволутивните психолози сугерирале дека луѓето развиле прва линија на одбрана против болеста: овој бихевиорален имунолошки систем.

Иако не можеме да ги видиме микроорганизмите со голо око, сепак можеме да ги идентификуваме знаците - кашлица, непријатен мирис или кожни лезии што укажуваат на можно присуство на патогени, без разлика дали тие претставуваат или не претставуваат вистинска здравствена закана.

Научниците сугерираат дека активирањето на овој имунолошки систем води до предрасуди и одбегнување кон оние што покажуваат површни знаци што ја сугерираат болеста.

Но како ова влијае врз нашиот љубовен живот, кога две натпреварувачки потреби се спротивставуваат една на друга, односно потенцијалните придобивки од поврзувањето и пронаоѓањето на партнер наспроти потребата да се заштитиме од болести?

Научниците од Универзитетот Мекгил сакале да откријат согледувајќи го активирањето на ово бихевиорален имунолошки систем кај младите, слободни, хетеросексуалци.

Резултатите биле убедливи.

- Откривме дека кога се активира бихевиоралниот имунолошки систем, се чини дека става кочница на нашата желба да се поврземе со другите луѓе. Не очекувавме ова да биде случај во реалните животни ситуации како што е излегување со партнер, каде луѓето генерално се мотивирани да се поврзат. Резултатите укажуваат на тоа дека над она за кое свесно или несвесно мислиме или размислуваме и се чувствуваме, постојат дополнителни фактори за кои не сме целосно свесни, како што е страв од болести што можат да влијаат на тоа како ќе се поврземе со другите - вели Натсуми Савада, кој е доктор по психологија од Универзитетот Мекгил.

Видеото подолу објаснува како функционирал експериментот.

 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука