X
 02.11.2020 Живот

Едноставен трик со кој може да препознаете лажго

Кога некој сака да ви каже невистини, лесно е да измисли приказна. Секој со малку имагинација може да се сети на десет веродостојни изговори додека лаже. Најчесто лажговците не ги измислуваат овие изговори во моментот додека зборуваат, туку претходно.

Сепак, постои трик со кој може да препознаете дали приказната е вистинита или не. Едноставно, нека ви ги повтори деталите на приказната, но со обратен редослед. Лажењето е многу потешко кога се раскажува приказната од крајот кон почетокот.

Некој што измислува приказна потешко ќе ги памети сите детали од крај до почеток во споредба со некој што ги памети тие детали од сеќавање. Идејата на трикот е дека на лажговците им е потешко да се задржат на сите детали во приказната доколку им поставувате прашања што не се централни во приказната.


Фото: Pixabay

Додека ја раскажуваат приказната, скокајте напред и назад низ времето и поставувајте прашања за деталите и ќе видите како приказната ќе почне да се распаѓа.

Лажењето е почесто отколку што мислиме. Во просечен десетминутен разговор веројатно ќе бидете излажани 2-3 пати. Поголемиот дел од овие лаги се безопасни бели лаги, но понекогаш луѓето лажат за важни работи за кои заслужувате да ја знаете вистината.

Автор: Зули Рејн
Извор: theladders.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот