X
 30.05.2017 Наука

Како да препознаете лажливец според рецепт од Харвард?

Според  широко распространетите мислења, кога некој лаже покажува нервоза, се вртка и избегнува директен контакт со очите. Меѓутоа, професорката од Харвард, психологот Ејми Кади, истакнува дека не е доволно да се бара само еден јасен невербален знак при обидот да се открие лажливецот.

Во својата книга „Presence“, Кади наведува дека доказите за лажење и измама треба да се бараат во низа разлики преку различни начини на комуникација, вклучително и изразите на лицето, држењето на телото и начинот на говор.

„Лажењето е напорна работа“, вели Ејми Кади.

„Со лажењето се кажува една приказна, при што се потиснува друга. И тоа не е доволно – многумина чувствуваат вина додека лажат, што дополнително го отежнува процесот и го прави лажењето уште покомплицирано. Нашиот ум едноставно не може сето тоа да го изведе едновремено, а притоа барем малку да не се одаде“, додава таа.

Најдобар начин да се забележат знаците кои го откриваат лажливецот е да се побара разликата меѓу она што го говорат и она што го прават. Се работи за конфликтни емоции – на пример среќна интонација во комбинација со вознемирен израз на лицето.

За жал, луѓето генерално се прилично неефикасни при откривањето на лагата.

Проблем е што повеќето луѓе се фокусираат на содржината на она што го говорат луѓето, а недоволно на постапките и компатибилноста на тие два аспекти.

Кади наведува дека една друга студија од Харвард открива дека луѓето со нарушувања во говорот подобро ги откриваат лажливците од оние кои истите ги немаат, најверојатно затоа што ним  зборовите не им попречуваат.

„Кога свесно бараме знаци на измама, премногу внимание обрнуваме на зборовите, а не на невербалното однесување. Вистината појасно се открива преку однесувањето отколку преку зборовите“, заклучува Ејми Кади.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука