X
 02.11.2021 Култура

32 селектирани и наградени карикатуристи на 53. Светска галерија на карикатури во Скопје

На годинашната 53. Светска галерија на карикатури, која ќе биде отворена утре во 19 часот во галеријата „Остен“, ќе бидат изложени карикатури од 32 селектирани и наградени карикатуристи. На наградените карикатуристи присутни на отворањето на изложбите ќе им бидат врачени наградите, па по овој повод во Скопје се дојдени карикатуристи од Белгија, Израел, Хрватска, Србија.

Специјални гости на настанот се карикатуристи - финалисти на Проектот за дигитални карикатури „ЕУ - работа во тек...“  Во рамките на активностите предвидени со проектот за дигитални карикатури, „ЕУ - работа во тек...“ деновиве се одвиваат и следните програмски активности: од 2 до 4 ноември - тридневна креативна работилница за млади карикатуристи од регионот, предводена од Лук Десхимакер, Белгија; 4 ноември во 19 часот во Делегацијата на ЕУ во Скопје ќе биде одржана панел-дискусија на тема „Надежи и стравови за пристап до ЕУ - преку острото око на карикатуристот“.
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура