Ако премногу време му посветите некому што го сакате, а во меѓувреме заборавите на себе, ќе ви биде тешко. Треба да им помагате на другите, но исто така треба да си помогнете себеси.
Искористете го моментот да ја следите својата страст и да направите нешто во кое ќе уживате, и обидете се да се тргните од работи кои го попречуваат вашиот живот како:
1. Се дружите со погрешни луѓе
Животот е премногу краток за да го поминувате со луѓе кои ве прават несреќни. Ако некој ве сака во животот, ќе бидете поканети. Не треба да се борите за тоа место. Никогаш немојте да се трудите околу луѓето кои ве занемаруваат.
2. Бегате од проблемите
Треба да се соочувате со сите проблеми кои ќе ви се случат. Нема да биде лесно. Не постојат луѓе кои со леснотија ги решаваат сите проблеми. Едноставно, не сме создадени за да бидеме такви. Клучниот дел од животот е соочување со проблемите, учење и прилагодување. Тоа не` обликува какви личности ќе бидеме подоцна.
3. Се лажете себеси
Можете да лажете секој, но никогаш не можете да се излажите себеси. Нашиот живот се подобрува само тогаш кога ризикуваме и ги користиме можностите кои ни се укажуваат.
4. Се преправате
Еден од најтешките предизвици во животот е да останете свои во свет кој ве тера да бидете како сите други. Никој нема секогаш да биде најубав, најпаметен и најмлад. Но, луѓето никогаш нема да бидат она што сте вие. Немојте да се менувате поради нив. Бидете свои и вистинските луѓе ќе ве сакаат поради она што навистина сте.
5. Продолжувате да се сеќавате на минатото
Никогаш нема да можете да започнете ново поглавје во животот, ако постојано го читате претходното.
6. Се плашите да не згрешите
Ако нешто се обидите 10 пати и секој пат го згрешите, тоа ќе биде многу повеќе продуктивно отколку воопшто да не се обидете. Секој успех е проследен со низа неуспех и секој неуспех на крајот води кон успех.
7. Стапувате во врска поради погрешни причини
Врските мораат внимателно да се бираат. Подобро е да бидете сами отколку со погрешен партнер. Нема потреба од брзање. Ако нешто е судено, ќе се случи во свое време, со вистинската личност, од вистинската причина.
8. Одбивате нови врски бидејќи се плашите дека ќе бидат како старите
Во текот на животот ќе сфатите дека секој кој ќе го запознаете има своја цел. Некои ќе ве стават во искушение, некои ќе ве искористат, а некои ќе ве подучат. Она што е најважно, некои ќе го извадат најдоброто од вас.
9. Се натпреварувате со секој
Не обрнувајте внимание на она што другите го прават подобро од вас. Концентрирајте се на сопствените рекорди. Успехот зависи само од вас.
10. Љубоморни им сте на другите
Наместо да им завидувате на другите, подобро е да се запрашате што вие имате, а секој друг го посакува.
11. Постојано се жалите
Животот ви создава препреки со причина - за да ве насочи кон она што треба да го доживеете. Можеби нема да ви биде јасно на почеток, можеби ќе биде тешко. Но за тоа размислувате кога ќе помине. Ќе видите дека без тие потешкотии не би успеале.
12. Не простувате
Не треба да живеете со омраза во срцето. Со тоа си наштетувате себеси, а не на луѓето кои ги мразите. Простувањето не значи прифаќање на туѓата неправда. Простувањето значи дека нема да дозволите таа неправда да ви го уништи животот. Ослободете се и пронајдете мир.
13. Трошите време објаснувајќи им ги постапките на другите
На пријателите ова нема да им треба, а непријателите нема да ви веруваат. Само држете се до она во кое верувате.
14. Не правите пауза
Издвојте малку време за да се одморите. Земете пауза и ќе ви биде полесно да продолжите.
15. Не обрнувате внимание на ситниците
Започнете да обрнувате внимание на ситниците и да уживате во нив. Кој знае, можеби еден ден ќе откриете дека се доста важни во вашиот живот. Најдобрите моменти во животот се оние незабележителните, ситните во кои уживате во тишина и мир.
16. Глумите дека се` е во ред
Во ред е некогаш да се предадете. Не мора секогаш да делувате како се` да имате под контрола.
17. Се трудите да ги задоволите сите
Ова е нешто што не може да се постигне, а колку повеќе се трудите, толку ви е полош.Но ако успеете да насмеете барем една личност, тоа може да ви го промени светот.
18. Премногу се грижите
Грижата нема да ви помогне, и нема да ви ги реши проблемите. Ако нешто ве мачи, запрашајте се дали е вредно за грижење и нервирање. Запрашајте се дали ќе биде важно за една година или подолго. Ако не е важно, немате причина да се нервирате.
19. Мислите на тоа што не сакате да се случи
Подобро е да се фокусирате на она што сакате да се случи. Позитивното размислување е услов за секој успех. Ако секој ден размислувате за нешто убаво, обрнете внимание, можеби навистина ќе ви се случи.
20. Не сте благодарни
Без разлика на тоа во каква ситуација се наоѓате, треба да бидете благодарни за се` што имате. Постојат многу луѓе кои немаат ништо и секој ден се борат за нешто што вие го запоставувате. Наместо да размислувате за нешто што го немате, размислувајте за тоа што го имате, а другите го немаат. Бидете благодарни.