X
 03.04.2017 Живот

10 минутни активности кои ќе ви го изострат умот

10 минути е многу малку време, но 10 минути секој ден годишно е многу време. Вежбањето на секоја позитивна активности, по 10 минути секој ден, може да го изостри вашиот ум.

Ова се неколку активности кои може да ги практикувате за таа цел.

1. Обликување на состојбата


Секое утро повторувајте кој е вашиот идентитет, вежбајте благодарност за работите и луѓето кои ги имате во животот, фокусирајте се на краткорочните цели и визуелизирајте каков сакате да ви биде денот.

2. Читање

Читањето ги обликува верувањата, мислите и гледиштата. Обезбедува знаење и мудрост, како и голем број на информации.

3. Пишување

И преку пишување може многу да се научи. Освен што го изразуваме она што го знаеме, преку пишувањето о надополнуваме знаењето и истражуваме.

4. Напад кон себеси

Не се мисли на физички напад, туку на преиспитување на идеите, судење на сопствената работа и рефлектирање на потрошеното време.

5. Дишење


20 длабоки вдишувања секое утро и исто толку пред спиење. Целта е да се фокусирате на дишењето и да не мислите на ништо во тој момент.

6. Ладен туш

Доведува до подобра физичка состојба, подобри когнитивни способности и градење на ментална цврстина.

7. Следење

Следете ги сите ваши активности и забележувајте што правите. Оценете ја вашата ефикасност и продуктивност.

8. Бидете корисни за некој друг


Направете нешто добро за друга личност.

9. Движење


Шетање, вежбање, возење велосипед. 10 минути не е многу, но е подобро отколку воопшто.

10. Цели за наредниот ден


Направете план за обврските за наредниот ден. Прешкртувајте ги обврските една по една како што ќе ги завршувате.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот