Штрајкот во училиштата во Хрватска продолжува и денеска откако по маратонските преговори не се постигна договор меѓу претставниците на синдикатите за образование и хрватската влада.
Претседателот на Независниот синдикат на вработените во средните училишта, Бранимир Михалинец, изјави дека преговорите ќе продолжат денеска.
Набргу потоа беше објавено дека заради продолжување на преговорите, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го откажал учеството на Конференцијата за климатски промени на ОН во Мадрид.
Во изјавата Михалинец не откри детали за синоќешните преговори, кои траеја шест и пол часа, но само кратко рече дека е заклучено дека потребно е малку повеќе време да се разговара и дека се очекува преговорите да завршат утре.
Извор: МИА