X
 01.11.2018 Живот

Во Дубровник бранови повисоки од 9 метри

Рекордна висина на бранови е измерена во акваториумот Ровињ, Сплит, Плоче и Дубровник, а највисоките бранови биле над 9 метри, покажуваат податоците од мерењата на Хрватскиот хидрографски институт (ХХИ).

Највисок бран е измерен во Дубровник, покрај островот Св. Андреа – 9,03 метри.

Во акваториумот Ровињ висината на брановите била 8 метри.

- Собраните и обработени податоци ќе придонесат за зголемување на степенот на безбедност на пловидба во наведените подрачја, а ќе бидат изработени и безбедносни препораки. Со тоа се создаваат претпоставки за безбеден сообраќај на луѓе и стока во хрватскиот дел на Јадранското Море - се наведува во соопштение на ХХИ.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот