X
 19.07.2018 Спорт

Математичарка објасни како Хрватска си го заработи второто место на СП

Математичарката Франка Миријам-Бруклер од Природно-математичкиот факултет во Загреб одлучи да претстави една математичка перспектива на играта на Хрватска и целото првенство. Еве што забележа таа.

„Ете, заврши. Малку тага, а уште повеќе гордост и радост чувствуваат, верувам, сите Хрвати, па така дури и ние математичарите, кои сигурно некој читател можеби и не нѐ смета за нормални. Значи, што велат наводно објективните бројки?

На првенството стасавме како 17. според ЕЛО-рејтингот со 1.853 бода, а излегуваме како седми со 1.943 бода. Французите и Белгијците го зголемија својот рејтинг повеќе од нас. Пред нас останаа само Уругвајците, Германците, Шпанците, Белгијците, Бразилците и новите светски прваци, Французите. Ако сега играме со кој било, во ниедна верзија, дури ни со Французите, иницијално, врз основа на рангирањето, не би имале шанса помала од 25,75 отсто (коефициент 3,88). На пример, за следниот државен натпревар со Шпанија иницијалните шанси за победа сега ни се 40,5 отсто, додека за истата средба со статусот од почетокот на првенството нашите шанси беа само 25 отсто.

Од 169 гола на ова првенство (во регуларното време и во продолженијата), ние постигнавме 14, а примивме 9. Французите постигнаа ист број на голови, но примија помалку, 6. Значи, ние и Французите излегуваме од првенството со во просек два постигнати гола по натпревар.

Интересно може да биде и тоа што на ова првенство кон голот биле упатени 1.623 удари, односно успешноста на постигнување голови изнесувала 169/1623 = 10,4%.

Фото: Index

Ние упативме 113 удари (тоа е 6,69% од сите удари), а нашите 14 гола значат дека нашата успешност била 12,4 отсто, односно над просекот. Тоа, како и многу други показатели, потврдува дека не сме дошле до медалот без да си ја сработиме работата. Колку за споредба, Франција на целото првенство упатила 81 удар (добро, тие играа 90 минути помалку), односно нивните удари кон голот сочинуваат 5 отсто од сите удари на првенството, но ефикасноста им е 14/81 = 17,3%, значи речиси извонредна (според соодносот голови и упатени удари најдобро стојат Русите со 22,9 отсто, а најлошо Германците со неверојатни 2,8 отсто).

На 64 натпревари 169 гола значи 2,64 гола по натпревар, односно просечен тим на ова првенство давал 1,32 гол по натпревар. Ние и Французите очигледно сме натпросечни со нашите два гола по натпревар, но од нас поголем просек имаат Русите (2,2) и Белгијците (2,29).

Додека во групната фаза најчесто имаше натпревари со еден или три гола, во елиминациите најчесто имаше натпревари со два гола. Само еден натпревар беше без голови, а дури три со седум гола.

На ова првенство со гол резултираа 22 од 28 казнени удари (78,57%) и 26 од 39 (66,67%) пенали, вкупно 47/66, односно 71,21 отсто. Тоа се стандардни бројки.

Ете, иако некои очекуваа нашите статистики да се подобри, всушност тие се совршени: по сите можни параметри сме во првите четири репрезентации и воопшто нема сомнеж дека заслужено го поминавме полуфиналето, единственото нешто во што не сме совршени е процентот на удари што завршиле со гол, но и тој е сосема добар. Малку среќа, многу интелигенција и уште повеќе срце и пожртвуваност ги прават останатите бројки неописливи“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт