„Јутјуб“ објави листи со најгледани видеа во 2021 година во 17 земји и региони низ светот. Листите покажуваат дека некои од најгледаните видеа се поврзани со видеоигри, но има и популарни видеа од инфлуенсери и музички изведби.
Во САД, Австралија и во Канада најгледано видео во 2021 г. било видео од инфлуенсер кој поминал 50 часа закопан жив.
Во Бразил најгледано видео било од натпревар на првенство за видеоигри, а во Франција на врвот се наоѓа музички спот.
Најгледано видео во Германија е од инфлуенсер кој зборува за политиката во државата, а во Индија најпопуларно видео е хумористичен скеч.
Во Русија најгледано било видео снимено од Алексеј Навални по неговото враќање во земјата.
Извор: YouTube
Фото: Pixabay