X
 02.12.2023 Живот

108-годишна жена вели дека тајната за долг живот е чувањето кучиња, а не деца

Да стигнеш до 100-тата година не е лесно и како општество имаме среќа што таквите луѓе ги споделуваат нивните приказни и мудрости со нас. Но, како некоја личност достигнува до таа возраст? Некои велат дека е вежба, а други го припишуваат тоа на здравата исхрана. 

За Ада Даниел, која ја доживеала 100-тата година, тајната за долг живот е во чувањето кучиња, а не деца.

Даниел живеела во дом за стари лица во Дербшир, Велика Британија, каде што станала многу позната. Координаторката Кели Гаучер ја знаела како добар лик и се сеќава на разговорот што го имала со 100-годишната Даниел.

- Еднаш ја прашав која е нејзината тајна и таа ми рече дека тоа е чувањето кучиња, а не деца - рече Кели.



Наместо да има деца, Даниел и нејзиниот сопруг уживале во друштво на нивните сакани миленичиња.

- Таа имала многу загари. Живеела на Стрит лејн во Рипли, па сите нејзини загари се викале Стрит Лејн - вели Кели. Нејзините кучиња се заслужни за нејзиниот активен и здрав животен стил. Таа уживала во дневните прошетки до нејзината 97-ма година и не се преселила во дом за стари лица до нејзината 103-та година - додава Кели.

И покрај нејзината возраст, Даниел секогаш била возбудена кога ѝ бил роденден. Пред нејзиниот 105-ти роденден персоналот во домот за стари лица побара од луѓето да ѝ испратат картички. Овој повик за акција имаше толку голем успех, што ја продолжија традицијата секоја година. Во 2023 година Даниел добила 300 картички и една посебна картичка од кралот Чарлс и кралицата Камила.

Даниел почина во октомври 2023 година. Таа сигурно ќе остане запаметена по нејзината смисла за хумор и уникатноста.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот