Во југозападниот дел на Кина, во провинцијата северен Сочуан, сокриен во национален парк се наоѓа Долината на деветте села (Џиуѕаигоу) е дом на девет тибетски села „расфрлани“ низ природното чудо.
Со глетка која вообичаено не би ја поврзале со Кина, оваа спектакуларна област е создадена од сини, зелени и розови езера, неверојатни воопади, единствена флора и фауна и уште попрекрасни планински долини.
Со површина од над 700 квадратни километри, долината е една од најголемите природни богатства на Кина, прогласена за Светско наследство на УНЕСКО во 1992 година и светски биосферен резерват во 1997 година.
Иако кај домашните туристи оваа локација е доста позната, сепак е релативно непозната дестинација за западните туристи поради оддалеченоста, ограничениот пристап и решителноста на владата да ја зачува оваа беспрекорна област. Местото се наоѓа во планинскиот венец Мин Шан во Северен Сечуан, област која прво била населена во 1300 година од група на тибетски верници во потрага по засолниште, и останала недопрена повеќе од шест векови.
Дрвосечачите случајно ја откриле долината во 1972 година, а планините полека започнале да се отвораат за туристите со што се подобрила и пристапноста. Планините прекриени со снег ја надоместуваат убавината, а тиркизните, зелените и розевите езера даваат чувство како да сте на швајцарските Алпи.
Венди Ву, основач на турата „Wendy Wu“ вели дека оваа долина е еден од најголемите скапоцени камења на Кина.
„Ова е национален парк од планини, шуми, езера, долини и водопади. Комбинација е од Карпестите планини во Канада, швајцарските Алпи и турските базени, само со повеќе боја и повоодушевувачки“, вели таа.
Северната Сичуан провинција исто така е достапна преку директни летови од Пекинг, Шангај, Ксиан, Ченгду, Чонгкинг и Хангзоу после кој следува патување со автобус од Долината на деветте села.
Без разлика дали има снег во зима, светло обоени листови во есен, или пак мирни езера во лето, Долината на деветте села е вистински рај во кој дефинитивно ќе се преродите.