Во долината на реката Хунза, во истоимената област во Пакистан, живее еден доблесен и горд народ. Овој дел од земјата во голема мера е дистанциран од светот, а од цивилизацијата е одделен со остри и високи планини, едни од највисоките на светот. Овој навидум безживотен и суров предел е дом на најздравите луѓе на планетата.
На самата граница на Индија и Пакистан се наоѓа место што се нарекува „Оаза на младоста“. Во долината на реката Хунза едно племе живее скромен живот. Токму ова племе ја има откриено тајната на здравјето и долговечноста.
Животниот век на членовите на ова племе е во просек од 110 до 120 години. Тие речиси никогаш не се разболуваат и живеат идеален начин на живот. Според легендата, оваа мала планинска држава била основана од група војници на Александар Македонски за време на неговиот поход против Индија. На народот во наследство му ја оставиле строгата воена дисциплина, па тие до ден-денес така се однесуваат кон животот.
Ова племе живее во близина на познатата точка на спојување на трите најголеми планински системи во светот, Хималаите, Каракорум и Хиндукуш. Има дури пет врва од вкупно 14 на цела планета кои се високи над 8.000 метри надморска височина.
Фото: Screenshot/YouTube
Тајната на здравјето и долговечноста
Овој народ живее едноставно и токму тоа е тајната на долговечноста. Луѓето се капат во студена вода, дури и на температури под нулата, и се многу подвижни и агилни. 40-годишните жени изгледаат како девојки, а се случува и 65-годишни да родат дете. Храната е свежа, а јадат овошје и зеленчук, како и житарки, суво овчо месо и сирење. Особено важни им се кајсиите, кои таму успеваат и ги јадат во сите можни облици.
Тешките услови за живот го диктираат нивниот животен стил, па има периоди кога плодот не е зрел, кога не јадат речиси ништо и само еднаш дневно пијат пијалак од суви кајсии. Ова постење кај нив е поврзано со религијата и строго се почитува, а трае и до неколку месеци.
Овој народ јаде само природни производи, без никакви хемикалии и конзерванси. Немаат алкохол и благо, а солта се користи многу ретко.
Дневните рутини и обврските се вистински предизвик. Главно се занимаваат со земјоделство и сточарство. Немаат проточна вода, мораат да палат оган секој ден, за што треба да набават дрва. Животот е прилично напорен и го бара максимумот од секој член на племето.
Значи, тајната за долгиот живот е воздржување од храна, редовен пост, живеење во согласност со законите на природата. Едноставноста е единственото правило тука, во услови во кои племето нема време премногу да размислува со оглед на тоа што секојдневно треба да се бори за егзистенција.
Фото: Screenshot/YouTube