X
 02.12.2023 Живот

Социјалните мрежи не создаваат зависност како дрогата или коцкањето

Истражување на британски психолози покажало дека посетата на „Инстаграм“ или „Фејсбук“ сепак нема толку значајно влијание врз нашата емоционална состојба и не предизвикува толкаво чувство на потреба.

Една недела намалено користење на социјални мрежи не ја зголемува, ниту ја намалува желбата на луѓето да се вратат на интернет, покажува ново истражување. Недостигот на желба да се вратиме на социјалните мрежи покажува дека кај поголемиот дел од нас, социјалните мрежи не создаваат вистинска зависност. Меѓутоа, некои експерти и понатаму се скептични.

Во претходни истражувања, користењето на социјалните мрежи се поврзало со депресија и анксиозност, а биле забележани и симптоми кои потсетуваат на нарушувања предизвикани од зависност од дрога или патолошко коцкање. Психолозите од Универзитетот „Дурам“ одлучиле да проверат дали социјалните мрежи создаваат зависност кај луѓето како дрогата или коцкањето.

Во истражувањето, група студенти една недела не ги користеле социјалните мрежи. Резултатите покажале дека кратката апстиненција од социјални мрежи не направила промена во желбата за нивно користење.

- Употребата на социјалните мрежи не може да се спореди со дроги кои предизвикуваат желба и компулсивна употреба. Не треба премногу да го патологизираме нормалното однесување - забележуваат истражувачите.

Било забележано и дека краткото одвикнување од социјални мрежи ги намалило негативните, но и позитивните емоции кај учесниците. Сепак, истражувачите посочуваат дека една недела е премалку за да се добијат дефинитивни заклучоци.

Извор: Bug
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот