X
 24.03.2019 Наука

Научници одвратија зависност од алкохол кај глувци со ласери

Научниците во американскиот институт за медицински истражувања „Скрипс рисрч“ велат дека пронашле начин да ја одвратат зависноста на глувците од алкохол преку вперување одредени неврони во нивните мозоци со ласерски зраци.

- За овие пронајдоци возбудливо е тоа што бевме во можност да ја контролираме мотивацијата за пиење алкохол кај многу зависни индивидуи со вклучување на светлото. Преку имплантација на фибер-оптика длабоко во мозокот и вклучување ласер кој ги сопира овие неврони, би можеле драматично да ги намалиме пиењето алкохол и физичките симптоми на откажување - истакна професорот Оливие Џорџ од „Скрипс“.

Но не возбудувајте се премногу околу можноста за нов третман за луѓе кој би произлегол од истражувањето. Иако истражувачите имаат надежи за иднината на работата, тие предупредуваат дека може да бидат потребни децении пред технологијата да биде тестирана на луѓе.

- Оваа работа бара употреба на иновативни технологии кои не се одобрени за употреба на луѓе, па може да поминат 15 до 30 години пред да видиме алкохоличари со импланти во мозоците кои ќе им помагаат во контролирањето на нивните потреби - истакнува Џорџ.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука