X
 02.03.2018 Образование

„Мајкрософт“ ќе донира компјутери за креативниот учител од Гана


Ученици од Гана
(Фото: Thinkstock)

Последниве неколку дена на социјалните мрежи може да се види фотографија на која еден учител од Гана ги подучува учениците како да користат „Ворд“ – без компјутер.

Учителот од Кумаси нацртал детален приказ на програмата „Ворд“ на таблата, а фотографиите од неговата необична наставна метода станале хит откако биле објавени на „Фејсбук“.

За фотографиите набрзо дознала компанијата „Мајкрософт“, па на училиштето му ветила нови компјутери.

„Ги поддржуваме наставниците што овозможуваат дигитална трансформација во образованието и тоа е суштината на она што го работиме. Ќе му обезбедиме опрема на Овура Квадво со уреди од нашите партнери и пристап до нашата програма „Ем-си-и“ и ресурси за бесплатен личен развој на веб-страницата education.microsoft.com“, велат од „Мајкрософт Африка“.

Училиштето во кое предава Овура Квадво нема компјутери уште од 2011 година, и покрај тоа што од учениците се очекува на приемниот испит за запишување во средно училиште да го положат испитот за информациски и комуникациски технологии.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование