X
 03.01.2017 Живот

Активности од кои можете дополнително да заработувате

Крајот на работното време на едно работно место, може да значи и почеток на друго, кое со задоволство ќе го работите, но и дополнително ќе заработите.

Важно е да го препознаете она што веќе го знаете, а можете да го наплатите, или што би можеле да научите и на тој начин своето слободно време да го искористите најпродуктивно. Ова се неколку предлози на активности со кои можете да се бавите по завршувањето на работното време и така да обезбедите дополнителен приход за вас и вашето семејство.

1.    Искористете ги вашите раце

Колку сте вешти во креирање накит, или пак поправање по дома? Ако знаете некој занает, без разлика колку и да изгледа беззначајно, можете да ги понудите вашите услуги на другите и од тоа да заработите. Ако научите вашите производи да ги промовирате и на Интернет, уште повеќе ќе ги зголемите вашите шанси за успех.

2. Социјални мрежи

Наколку социјални мрежи сте секојдневно активни? Ако веќе го трошите времето на следење новости на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Твитер“, искористете го тоа за да заработите. Бројни компании, особено оние кои се на самиот почеток од бизнисот и сакаат да привлечат клиенти, потребен им е некој кој ќе гради корпоративен онлајн-имиџ.

kompjuter

3.    Креирајте веб сајтови

Бизнисот кој нема свој сајт изгледа непрофесионално и старомодно, па во денешно време голема е побарувачката за веб дизајнери. Ова е навистина исплатлива работа, а е и дтоста флексибилна. Веб дизајнот можете да го совладате за само неколку месеци и да се стекнете со вештина која добро ќе ја наплатите.

4. Бидете креативни и заработувајте како графички дизајнер

Креирање идентитет на корпорација, логоа, визит карти, промотивен материјал и слично. Графичките дизајнери го иразботуваат ова и многу повеќе. Дури и ако не сте имале прилика да се бавите со графички дизајн, тоа може да го осознаете и преку програмата „Print & Graphic Design“, па да се потрудите и да научите нешто ново.

5.    Пишувајте на блог

Блогот е одличен начин за да се изразите и да ги презентирате своите интереси, како што се патувањата, готвењето, спортот и слично и од тоа да заработите. Пишувањето на блог е бесплатно, но за да почнете од тоа да заработувате, потребно е покрај посветеноста да се запознаете и со техниките на онлајн маркетингот кој ќе допринесе вашиот блог да биде читан, а со самото тоа да привлечете и клиенти.

Споменатите активности можете да ги реализирате кога вам тоа ви одговара, а со научените вештини и знаења, оваа дополнителна работа б можела да премине и во ваша примарна, која што ќе ви донесе многу поголеми примања отколку моменталната. Целта е комплетно да го искористите потенцијалот кој го поседувате.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот