Видеото на Ентони Хопкинс во кое неартикулирано игра во неговата куќа стана вирално на „Твитер“, со над 4 милиони прегледи.
Легендарниот Ханибал покажа што му се случува на човек кога само работи, а тоа го долови со прилично бизарна снимка во која прави гримаси и скока во ритамот на композицијата што сам ја компонирал.
Музичката композиција што се слуша во заднина е дело на Хопкинс. „The Plaza“ се наоѓа на албумот „Composer“ од 2012 година, што е компилација од композициите на
Хопкинс и избрани филмски песни.
Откако го објавил видеото, Хопкинс на „Твитер“ добил повеќе од 20.000 нови следбеници.