Експертот за апликации Џејн Манчун Вонг на „Твитер“ откри дека „Фејсбук“ тестира темен изглед на апликацијата „Месинџер“ наменет за оперативниот систем „Андроид“.
Овој начин на работа засега е достапен само за одредени корисници во некои држави и може да се вклучи во категоријата „Ме“. Секако, изгледот е во фаза на тестирање, така што премногу е рано за процена како ќе функционира откако (ако) ќе почне да се применува.
Веста за тестирањето на темниот режим доаѓа откако „
Месинџер“ неодамна го промени корисничкиот интерфејс намалувајќи го бројот на табови и други помали подобрувања.