X
 02.01.2015 Живот

Дали верувате во овие новогодишни суеверија?

Без оглед на тоа дали се сметате за суеверна личност или не, некои мали правила и ритуали се провлекуваат од година во година, такашто на одреден начин станаа дел од нашата култура.

 

нова година

 

Иако можеби не сакате да ги почитувате или не чувствувате потреба, интересно е да знаете некои од суеверијата кои се однесуваат на влегувањето во новата година.


Новогодишна вечера - Кога станува збор за празничната трпеза, според верувањето на некои култури, ако приготвувате месо, добро би било тоа да биде од животно кое нема крилја. Според одредени народни верувања, со тоа се обезбедува благосостојба во вашиот дом.

Работна година - Направете некоја симболична работа првиот ден од Новата година, иако е празник. Ако сте добиле подарок роковник, тогаш напишете го датумот и неколку зборови. Размислувајте за работата барем неколку минути тој ден. Според верувањата, овој чин симболизира во наредниот тек на годината да имате доволна работа и љубов кон работата.

Бакнежи за среќа - На полноќ бакнете ги вашите најмили. Тоа се смета за потврда дека и во претстојната година вашата љубов и блискост ќе траат.

Односи со другите - Важно е после полноќ, односно на 1 јануари први да влезете во вашиот дом. Ова е важно затоа што се смета дека личноста која прва ќе влезе во вашиот дом ќе има големо влијание врз вашиот живот наредната година.

Црвено за среќа - Познатото правило вели дека за Нова Година се облекува нешто ново, а за среќа во љубовта, добро би било да носите долна облека во црвена боја.

Што не треба да правите?

Дури иако не сте љубител на смс пораки, телефонирања итн, не пропуштајте да ја честитате Новата Година на вашите најмили, како и да одговорите на честитките. Со тоа симболично ја зајакнувате вашата врска, и развивате чувство на топлина и пријателство.

На самиот почеток на годината избегнете позајмување пари. Симболиката е јасна - укажува на тоа дека во текот на годината ќе имате материјални проблеми, односно нема да имате пари во доволна мера.

На првиот ден после Новата Година, не треба да изнесувате ништо од дома. Иако сите сакаме да разменуваме колачиња и други работи кои сме ги приготвиле за новогодишната ноќ, сепак според ова верување тоа не треба да се пари.

Во некои култури перењето на долна облека на 1 јануари е неприфатливо. Имено, се смета дека перењето на алиштата лошо влијае на здравјето во наредната година.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот