X
 03.07.2021 Култура

Вроцлав - градот во кој се кријат 600 џуџиња

На југозападот од Полска се наоѓа градот Вроцлав, кој привлекува со својата живописна убавина и историја, по која буквално чекорите. Градот е полн со забавни настани, фестивали, ресторани, барови и други необични скриени места и настани вредни за посета.


- Вроцлав е познат по своите универзитети. Во овој полски град има над 20 универзитети и таму живеат над 130.000 студенти.

- Честопати го нарекуваат „северна Венеција“ бидејќи низ градот поминуваат неколку реки на кои има 112 мостови. Само два града во Европа имаат повеќе мостови: Венеција и Амстердам.

1

- Во Вроцлав се наоѓа еден од најстарите ресторани во Европа. „Свидничка пивница“ бил основан во 1273 година, а негови гости биле Шопен и Гете.

- Во Вроцлав се наоѓа највисоката станбена зграда во Полска. „Скај таувер“ е висока 212 метри и во неа се сместени апартмани, продавници и познатата палуба за разгледување.

2

- Вроцлав има свое место и на списокот на светски наследства на УНЕСКО - Сала на стогодишниците. Уникатната хала „Стулеција“ ја дизајнирал Мак Берг, а нејзината изградба била извршена во 1913 година. Оттогаш е позната како една од најимпресивните бетонски конструкции во светот. Зградата е висока 39 метри и широка над 91 метар.

- Градот е познат и по куќички, џуџиња скриени низ целиот град. Се проценува дека има околу 600. Нивното откривање и барање е забавна активност за децата и возрасните при посета на градот. Можете да најдете мапа во локалните продавници за да ви помогнат да го најдете секое џуџе во градот.

3

- Иако Џими Хендрикс никогаш не го посетил овој полски град, во него речиси 20 години се собираат гитаристите кои ја свират неговата песна „Хеј, Џо“. Оваа песна во 2019 година ја свиреле 7.423 гитаристи, со што бил срушен Гинисовиот рекорд.

Извор: 24sedam.rs
Фотографии: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура