Студентката Мерин Петерсон од Универзитетот во Монтреал не ни помислила какво откритие ја чека во првата година од студиите по физика. Таа открила нова егзопланета.
Петерсон и нејзините колеги пронашле планети работејќи заедно со професорот Бјорн Бенеке.
Оваа студентка зела податоци од телескопот „Кеплер“ на НАСА и ги поставила во програма смислена да помогне за идентификација на потенцијални егзопланети.
- Тоа не е како да бараш игла в сено, туку како да бараш нешто што не е таму. Сфативме дека има нешто таму кога видовме дека нешто ја блокира светлината на ѕвездата - вели таа.
Фото: Thinkstock
Постојат многу егзопланети со иста големина - многу се наоѓаат во Млечниот Пат и нивната орбита околу ѕвездата е слична на Wolf503b.
Со оглед на тоа што во нашиот Сончев Систем нема планети со таа големина, астрономите не биле сигурни дали Wolf503b била направена од гас или карпи.
- Беше многу возбудливо. Мојот ментор вели дека ова е моја планета бидејќи јас го пишував трудот, но јас сметам дека станува збор за тимска работа - вели Петерсон.
Wolf503b, новата
егзопланета, е двапати поголема од Земјата. Оддалечена е од Земјата 145 светлосни години и се наоѓа во констелацијата Девица.