Научниците конечно откриле зошто некои луѓе се повисоки од другите.
Пронашле 83 генетски варијанти кои влијаат на висината откако анализирале ДНК на 700 илјади луѓе. Генетските промени сочинуваат висински разлики до два центиметри.
Фото: Pixabay
Претходно идентификуваните заеднички варијанти поврзани со висината се далеку ослаби, секоја од нив обично прилагодува висина помала од милиметар. Новата интернационална студија, објавена во списанието „Nature“, е најголемото
истражување за генетските фактори поврзани со висината.
Еден од обележаните гени „STC2“, креира протеин кој функционира како сопирачка на човековата висина. Научниците веруваат дека може да обезбеди цел за нови третмани за проблеми со растењето кај децата.
Британскиот истражувач Панос Делокас, од Универзитетот во Лондон изјавил дека нови генетски варијанти се ретки кај популацијата, но нивниот ефект на човековата висина открива важни и нови гледишта во човечкото растење на скелетот. Истражувачите сметаат дека сега ќе можат да објаснат повеќе фактори кои се поврзани со човековата висина.