Меѓународната вселенска станица орбитира околу Земјата веќе 23 години, а НАСА планира да ја задржи во функција до 2030 година. По нејзиното пензионирање, НАСА ќе ја испрати во оддалечен дел од Тихиот Океан, според извештајот објавен од агенцијата оваа недела.
НАСА планира комерцијални вселенски станици да ја заменат Меѓународната вселенска станица. Минатата година беа избрани три компании за да добијат владини средства за развој на станици во ниската орбита на Земјата. НАСА ќе стане клиент на комерцијалните провајдери наместо да гради и да одржува сопствена станица.
До таа транзиција Меѓународната вселенска станица ќе продолжи да биде центар за истражување, иако е над 30 години во вселената.
- Со нетрпение очекуваме да ги максимираме придонесите од вселенската станица до 2030 година додека планираме транзиција кон комерцијални вселенски дестинации - изјави Робин Гејтенс, директор на Меѓународната вселенска станица во НАСА.
Меѓународната вселенска станица е премногу голема за целосно да изгори при повторно влегување, а НАСА не сака друг инцидент како „Скајлаб“, кој се распадна над Австралија.
Агенцијата планира внимателно да ги насочи остатоците на станицата кон Точката Немо, област во Јужниот Тихи Океан која е најдалеку од која било земја. Точката Немо е позната како „гробишта на вселенски летала“ затоа што таму се испраќа вселенското ѓубре.
Извор:
Ign.com
Фото:
Wikipedia