X
 15.12.2021 Технологија

Погледнете ги сите астероиди близу Земјата со помош на новата алатка на НАСА

Многу астероиди и комети орбитираат низ Сончевиот Систем, некои дури и се приближуваат до Земјата - а сега можете сами да ги видите нивните орбити и локации благодарение на новата алатка на НАСА наречена „Ајс он астероидс“.

Алатката, достапна бесплатно, може да работи на компјутер, паметен телефон и таблет без никакво преземање. Станува збор за 3Д-визуализација што на корисниците им овозможува да истражуваат различни објекти во Сончевиот Систем.

Годишно се откриваат илјадници астероиди, а научниците се трудат да ја следат нивната орбита за да видат дали некој се приближува до Земјата. Алатката се ажурира двапати дневно со најновите податоци, додавајќи какви било нови објекти и орбити во апликацијата.

Но, не се само астероидите тие што можат да се видат со алатката. Присутни се и многу мисии на НАСА. Ова ги вклучува мисијата OSIRIS -REx, мисијата за собирање примероци TAG и мисијата за тестирање за пренасочување двоен астероид (DART), која неодамна беше лансирана кон бинарниот астероиден систем Дидимос за да се тестира отклонувањето на астероидот.

Алатката дава и информативна за фактите поврзани со објектите во близина на Земјата, вклучувајќи ги и астероидите што се сметаат за потенцијално опасни, што значи дека се со големина од најмалку 140 метри и кои ќе поминат на минимум 7,48 милиони километри од Земјината орбитална патека.

asteroid
Фото: NASA/Johns Hopkins APL

Во моментов, НАСА идентификува вкупно 2.209 различни астероиди кои се сметаат за потенцијално опасни, од 1.113.527 познати астероиди во целиот Сончев Систем.

Апликацијата, исто така, им овозможува на корисниците да ги следат петте следни приближувања на астероиди до Земјата, кои ги вклучуваат имињата на астероидите, проценетите големини, растојанието од кое тие ќе поминат покрај планетата и одбројувањето во живо за пристигнување. Дел од причината за вклучување на ова беше да се одврати паниката на јавноста поради насловите кои ја нагласуваат опасноста од овие астероиди.

Последниот познат значаен удар на астероид беше на 15 февруари 2013 година, кога астероид експлодира во воздухот над Челјабинск, Русија. Овој астероид беше широк 17 метри и иако немаше жртви, ударниот бран од експлозијата ги искрши прозорците во шест различни руски града и предизвика 1.500 луѓе да побараат медицинска помош.

Меѓутоа, во минатото се случиле поголеми и многу поуништувачки астероиди. Еден од нив бил во 1908 година над реката Подкамења Тунгуска во Русија, во она што сега стана познато како Тунгуската експлозија.

Алатката на НАСА можете да ја истражувате ТУКА.

Извор: Jpost.com
Фото: Wikimedia Commons
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија