X
 03.02.2023 Живот

Том Хенкс ќе биде подмладен со помош на вештачката интелигенција во нов филм

Том Хенкс ќе биде дигитално подмладен со помош на вештачка интелигенција во новиот филм во режија на Роберт Земекис. Филмот се одвива само во една соба и ги следи нејзините станари и нивните промени низ годините.

Компанијата „Метафизик“, која разви нова алатка базирана на вештачка интелигенција наречена „Метафизик лајв“, објави дека склучила партнерство со американската агенција Си-еј-еј. Оттаму велат дека алатката нуди фотореалистична промена на лицето со висока резолуција и ефекти за подмладување во живо и во реално време.

Алатката во голема мера ќе се користи во филмот, а актерската екипа, вклучувајќи ги Том Хенкс и неговата колешка Робин Рајт, ќе идат подмладени.

- Отсекогаш ме привлекуваше технологијата која може да ми помогне да раскажам приказна. Филмот едноставно не би функционирал без нашите лица да бидат трансформирани во помлади верзии. Вештачката интелигенција го прави тоа на начин кој претходно беше невозможен - додаде режисерот.

Земекис е познат по тоа што во текот на неговата кариера вградуваше нови технологии во филмови како „Кој го намести зајакот Роџер?“, „Смртта ѝ прилега“ и „Поларниот експрес“.

Извор: Independent.co.uk
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот