X
 03.02.2024 Наука

Научници откриле нова класа на живот во дигестивниот систем

Научниците сметаат дека откриле сосема нова класа на живот слична на вирусите.

Мистериозниот генетски материјал нема сличности во структурата со која било друга форма на живот. Затоа, биологот Иван Желудев и неговите колеги од Универзитетот „Стенфорд“ сметаат дека не станува збор за вируси, туку за сосема нова група живи единки кои можат да помогнат да се премости јазот помеѓу наједноставните генетски молекули и посложените вируси. Тие ги нарекуваат овие единки обелиси.

- Обелисите сочинуваат класа на разновидни РНК кои ги колонизирале и останале незабележани во човечките и глобалните микробиоми - пишуваат истражувачите во трудот.

Генетските секвенции на обелисите се со големина од околу 1.000 знаци (нуклеотиди). Всушност, кратката генетска секвенција веројатно е една од причините зошто не биле забележани претходно.

Истражувачите идентификувале речиси 30.000 различни обелиси, кои се појавиле во околу 10 отсто од човечките микробиоми што биле анализирани. Се чини дека различни типови обелиси се присутни во различни области на телото.

Научниците претпоставуваат дека барем дел од обелисите се скриени во бактерии. Во истражувањето не било откриено влијанието на обелисите врз нивните домаќини или начинот на кој тие се шират помеѓу клетките.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука