X
 15.05.2021 Наука

Декодирано: Што се вирусите и колку знаеме за нив?

Дали знаете колку вируси постојат во светот? Во само една капка морска вода има повеќе вируси отколку жители во град со големина на Њујорк. На Земјата има повеќе вируси отколку што има ѕвезди во универзумот.

Вирусите имаат многу време да се акумулираат. Тие постоеле на Земјата долго пред нас, а некои научници веруваат дека се постари од која било форма на живот на нашата планета.

Но, што се точно вирусите?

Технички гледано, вирусите не се живи, па затоа сè уште се предмет на научна дебата. Но, она што го знаеме е дека тие се пакети генски информации. Некои го носат тој код во единечна нишка РНК, некои во двојни нишки или во ДНК. Она што им е заедничко е што сите ги користат тие инструкции како нацрт за инвазија на здрави клетки или домаќини.

Откако ќе влезат во клетките, вирусите се размножуваат и со тоа или го уништуваат генскиот код на домаќинот или се прикачуваат на него. По реплицирањето, вирусите бегаат за да киднапираат други клетки, често уништувајќи ги клетките домаќини во процесот во кој клетката се разградува.

Сепак, ова не е секогаш лошо бидејќи со уништувањето и реконструкцијата на другите клетки, вирусите играат значајна улога во зголемувањето на ефикасноста на „биолошката пумпа“, односно процесот на одвојување на јаглеродниот диоксид од атмосферата и негово заробување на дното на океанот.

Античкиот вирус довел и до формирање на човечката плацента, поради што бебињата не се раѓаат од јајце.

Но, да заборавиме малку на среќните несакани ефекти бидејќи вирусите сепак имаат само една цел - да направат што повеќе копии. Ова често предизвикува големи проблеми, како што откриле научниците уште во 19 век.

Научниците почнале да ги нарекуваат патогени вируси, што е латински збор за отров.

Откако науката нашла начин како да ги види вирусите, почнала да сфаќа дека тие се сеприсутни. Вирусите се реплицирале кај луѓето во текот на целата еволуција, поради што околу 8 отсто од човечкиот геном потекнува од вируси или остатоци од инфекции на нашите предци.

Генетички гледано, вирусите се во неактивна, латентна состојба, иако некои од нив може повторно да активираат автоимуни болести, невродегенеративни нарушувања, хронично воспаление или рак. Покрај тоа, вирусите мутираат и овие мутации можат да предизвикаат физичко оштетување, хемиски промени во генскиот материјал на вирусот или грешки во процесот на репликација.

Мутацијата е исто така причина што денес имаме нова пандемија на коронавируси.

Но, непознатите вируси со кои ќе се соочиме во иднина напредуваат. Истражување од 2018 година откри дека 111 вирусни семејства идентификувани низ светот содржат меѓу 631.000 и 827.000 непознати вируси, од кои некои веројатно имаат потенцијал да се прошират и кај луѓето. Колку? Сè уште останува непознато.



Извор: Scientific American
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука