Истражувачи тврдат дека откриле доказ за повеќе вируси, од кои некои се сосема нови коронавируси, во геноми на растенија од лаборатории во Вухан и во други кинески градови.
Во геноми на растенија како ориз и памук, обработувани од 2017 до 2020 г., биле откриени цели генски секвенции на нови вируси кои можеби предизвикуваат човечки болести како МЕРС и САРС, се вели во истражувањето. Неочекуваното откривање на опасни човечки болести во лаборатории за агрикултурни истражувања покажува дека безбедносните протоколи не се на соодветно ниво, а вирусите можеби биле пуштени како резултат на тоа.
Фото: Pixabay
Треба да се напомене дека истражувањето не било проверено од други експерти и од реномирано научно списание. На него работеле четири автори што се поврзани со болници и универзитети во Шпанија, Канада и во Јапонија, но и двајца независни истражувачи и еден истражувач кој доаѓа од институт именуван по самиот научник, објаснува „Фјучуризам“.
Сепак, тврдењата на тимот се алармантни и бараат дополнителна анализа. Дел од податоците што ги користеле истражувачите се од истражување спроведено на Институтот за вирологија во Вухан, за кој постојат хипотези дека е местото од кое бил пуштен коронавирусот САРС-КоВ-2, кој ја предизвикува болеста Ковид-19.
Тимот пишува дека агрикултурните лаборатории немаат исти протоколи за безбедност како медицинските и виролошките институции.
Автор: Ден Робитски
Извор:
futurism.com