X
 03.07.2021 Наука

Научници детектирале над 54.000 видови вируси што живеат во стомакот на човекот

Во рамки на едно ново истражување биле откриени дури 54.118 видови вируси што живеат во стомакот на човекот. Од нив, дури 92% биле неоткриени досега.

Меѓутоа, поголемиот дел од овие вируси не можат да ги нападнат клетките на човекот и се такви што јадат бактерии во цревата и стомакот, а се важни за здрав дигестивен систем, пишуваат истражувачите Су Џен Ло и Филип Хугенхолц за Светскиот економски форум.

Освен што ни помагаат подобро да ја свариме храната, овие микроби имаат и други улоги. Меѓу другото, тие го штитат човекот од патогенски бактерии и го регулираат имунолошкиот систем.


Фото: Pixabay

Во истражувањето, Ло, Хугенхолц и нивните колеги анализирале 11.810 примероци од човечки фекалии од лица од 24 различни земји. Од овие примероци, истражувачите направиле каталог со 189.680 вирусни геноми кои претставуваат над 50.000 различни видови вируси. 

Биле откриени и разлики помеѓу земјите. На пример, еден вид вирус често бил присуте во Азија, но многу редок или воопшто го немало во Европа и Северна Америка. Според истражувачите, една третина од најчестите протеини во вирусите имаат непозната функција.

Извор: World Economic Forum
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука