X
 03.02.2024 Живот

Ова се трите најбарани професии во Европа

Вештачката интелигенција, одржливоста и сајбер-безбедноста се сè побарани, според најновиот извештај на „Линкдин“ за изгледите на пазарот на труд за 2024 година.

Европскиот пазар на труд минува низ забрзана трансформација, па се појавуваат нови позиции кои ги немало во последните 20 години, додека деловната конкуренција минатата година двојно се зголемила.

Истражувањето на „Линкдин“ било спроведено врз основа на преглед на милиони работни места, кои членовите на оваа платформа ги извршувале во периодот од 1 јануари 2019 година до 31 јули 2023 година.

Така, на пример, во Велика Британија и во Франција минатата година имало една отворена позиција за четири кандидати, додека една година претходно, во 2022 година, имало една отворена позиција за двајца кандидати.

Сепак, и покрај зголемувањето на конкуренцијата на пазарот на труд, две третини (67 отсто) од професионалците во Европа размислуваат за промена на работните места оваа година, а како една од главните причини, 37 отсто од испитаниците го наведуваат стремежот кон поголема заработувачка. 19 отсто од нив изјавиле дека сакаат да најдат нова работа за да напредуваат во кариерата.

Во зависност од земјата, најбрзо растечките работни места во Европа се разликуваат, но заедничкиот тренд покажува дека вештачката интелигенција, одржливоста и сајбер-безбедноста се областите кои најмногу се бараат:

- Менаџери за одржливост;
- Инженери за вештачка интелигенција и
- Аналитичари за сајбер-безбедност.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот