X
 19.05.2020 Политика

ЈРТ, 21.5.1990: „Југославија пред вратите на ЕУ“

Најголем дел од емисијата „Светот денес“, емитувана на 21 мај 1990 година на ЈРТ, бил посветен на тогашните настани во Стразбур и говорот на претседателот на Претседателството на СФРЈ, Јанез Дрновшек, во парламентарното собрание на Европскиот совет.

Тој говор се сметал за чекор напред на тогашна Југославија кон нејзиното полноправно членство во Европската Унија. Говорот бил позитивно прифатен од европските парламентарци, поради што политичарите предвидувале дека Југославија ќе влезе во Унијата следната година.


Фото: Јанез Дрновшек/Council of Europe

- ...Она што се обидуваме да направиме во Југославија денес е да постигнеме нов баланс во нацијата под променети политички и економски услови во рамките на парламентарна повеќепартиска демократија и ефикасна пазарна економија без а приори политички авторитет кој би пресудувал и решавал за конфликти помеѓу нациите на авторитативен начин... - рекол Дрновшек.

- ... Дами и господа, денес, кога ја имам честа првпат да ја претставувам Југославија помеѓу парламентарците на Советот на Европа, дозволете ми да го изразам нашето очекување и надеж дека во многу блиска иднина Југославија, како полоправна членка на Советот, ќе работи заедно со вас на создавање Европа на иднината.

Целиот говор може да го прочитате овде.

Извор: yugopapir.com  
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика