X
 23.10.2019 Технологија

Илон Маск редовно го менува телефонот, а стариот го уништува. Зошто?

Илон Маск редовно менува телефони, а старите ги уништува. Ова го прави наводно од безбедносни причини. Откако ќе го смени уредот, Маск ги брише сите податоци и потоа физички го уништува.

- Поради безбедносни причини, Маск го менува својот мобилен телефон. Откако ќе го промени, ги брише сите податоци и го уништува - пишува во неодамна објавените документи на „Спејс Екс“.

Оваа официјална изјава е објавена во екот на спорот што настанал откако британскиот возач Вернон Ансворт го тужел Маск тврдејќи дека на „Твитер“ го нарекол „педо лик“ и покрај тоа што Маск подоцна се извинил и го избришал твитот.

Маск го објавил твитот откако Ансворт (кој помагал во спасувањето на фудбалскиот тим и тренерот од пештерата во Тајланд) рекол дека подморницата што Маск ја испратил за екипата што учествувала во спасувачката мисија не била од помош и дека станува збор за обична самореклама.

- Маск редовно го надградува својот телефон, но и понатаму е принуден, поради безбедносни причини, повремено да го менува - изјави адвокатот на Маск, Алекс Спиро, истакнувајќи дека Маск тоа го прави поради чувствителни интерни информации.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија