X
 03.03.2017 Образование

Откријте колку е развиено вашето логичко размислување

Американскиот академик Рејмонд М. Смулиан не бил познат само по неговите математички истражувања, туку и по многуте книги кои ги напишал, а кои изобилуваат со парадокси и загатки. 

Ова се некои од неговите задачи кои не би можел да ги реши секој. Колку од нив можете да решите вие?

#1 - Портрет
Луѓето запрашале еден човек: „Кој е на портретот?“. Тој одговорил: „Пораснав сам. Но таткото на личноста од портретот е син на мојот татко“. Чиј е портретот?

#2 - Чудна пресуда
На двајца луѓе им било судено за убиство. Едниот бил пронајден виновен, а другиот невин. Но судијата морал да ги ослободи и двајцата. Како може да се објасни оваа чудна пресуда?

#3 - Семејни врски
Двајца домородни Американци седеле на мала греда. Понискиот бил во крвно сродство со синот на повисокиот, иако повисокиот не бил негов татко. Како може да се објасни ова?

#4 - Парички
Има две железни парички на масата со вредност од 15 центи. Една од нив не е 5 центи. Какви се паричките?

#5 - Католик
Ова е прашање за оние кои знаат нешто за католицизмот. Дали католик може да се ожени со сестрата на неговата вдовица?

#6 - Полжав
Полжав може да ползи во насока на стрелките на часовникот околу спортски стадион за 1.5 часа, но може да ја заврши рутата обратно од стрелките на часовникот за 90 минути. Како ги објаснувате различните резултати?

#7 - Профит

Брокер купил акции за 7 долари и ги продал за 8 долари. Потоа ги купил истите акции за 9 долари и ги продал за 10 долари. Колку заработил?








prasalnik

Одговори:

1. Станува збор за портретот на синот на таа личност.
2. Обвинетите биле сијамски близнаци.
3. Повисокиот домороден Американец е мајката на понискиот.
4. 10 и 5 центи. Една од нив (онаа од 10 центи), не е паричка од 5 центи.
5. Не. Ако сопругата на католик е вдовица, тогаш тоа значи дека тој католик е мртов. Мртвите не можат да стапат во брак.
6. 90 минути е исто колку и 1.5 час, така што резултатите се исти.
7. 2 долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование