Малку забавно мачење на мозоците на оние што не се експерти во математиката (т.е. речиси сите). Сумата од сите природни броеви, од еден до бесконечност, не е смешно голем број како што би очекувале. Одговорот на таа задача е -1/12. Како е возможно?
За многумина математиката е како магија - многу нејасни работи и изненадувања во резултатот.
Математичарите се фасцинирани од нејзините карактеристики, па ја истражуваат уште од дамнешни времиња. Така, сумата од сите природни броеви првпат била добиена во 1735 година.
За да го разбереме резултатот, Тони Падија и Ед Коупленд од Универзитетот во Нотингем ќе ни го појаснат процесот.