X
 15.04.2017 Живот

Смртоносна игра зема замав во Европа?!


Илустрација: Син кит
(Фото: Dnevno.rs)

Играта „Синиот кит“ е лансирана во 2015 година, а за да стигнат до целта, играчите мораат да „решат“ вкупно 50 задачи (по една дневно).

Задачите вклучуваат физичко и психичко самоповредување, од типот на: продупчување на рацете, будење во 4.20 и гледање гротескни снимки, правење лузни, како и забрането разговарање со кого било во текот на целиот ден... Исто така, една од задачите е натпреварувачите да се искачат на висока зграда и да ги пуштат нозете слободно да им висат од работ.

Меѓутоа, она што е страшно и бизарно е последната задача, а тоа е натпреварувачот да изврши самоубиство (кога играчот ќе стане „слободен“, високо-развиен поединец, ослободен од сите грижи) што ја симболизира и ја отсликува самата игра „Синиот кит“.

Задачите се делат преку лажни профили, а генерално правило е никому ништо да не му се кажува. Тие беспоговорно се извршуваат, независно какви се, а отворените групи се поврзани со депресивни цитати, слики, докази за тоа дека животот е бесмислен и со протест против циничниот свет на возрасните.

За оваа игра првпат пишувал весникот „Новаја Газета“. Проучувајќи ја статистиката и причините за самоубиствата меѓу руските тинејџери, новинарите откриле дека повеќе од 100 деца кои извршиле самоубиство во периодот poмеѓу ноември 2015 и април 2016 година, биле зачленети и биле поврзани со „Синиот кит“.

Резултатот од истрагата е апсење на неколку личности кои се товарат за поттикнување самоубиство. Набрзо биле избришани сите јавни групи и објави кои се означени преку клучните зборови како што се син, кит, море, игра, тивок дом итн. Корисниците кои продолжиле да ги употребуваат овие ознаки биле блокирани.

И покрај забраните и сузбивањето, Рускиот јавен центар за интернет технологија, во февруари 2017 година забележал нов пораст на објави со такви ознаки - овој пат на Инстаграм. Вкупно биле забележани 45.000 такви објави. Но, се покажало дека профилите биле лажни.

Играта, наводно, ја играле и тинејџери во Бугарија, Унгарија, Романија и Полска, а во Франција, Министерството на образование упатило предупредување до сите ректори на универзитетите. Таму  играта е оквалификувана како радикална и секташка.

Постои и друго мислење - дека нема директна врска меѓу играта и постастот на самоубиствата меѓу тинејџерите. Стручните лица се согласуваат дека е возможно некоја нестабилна личност да се поттикне на самоубиство, но и блокирањето на суицидните групи на интернет нема да го решат овој проблем.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот