X
 02.02.2017 Образование

Вештините за извршување на задачите влијаат на навиката за читање

Учениците кои се соочуваат со потешкотии во навиките за читање често имаат недостатот од способноста за размислување, како меморија, планирање или промена на фокусот кои изгледаат природни кај оние што немаат проблем со навиката на читање.

девојчиња


На учениците тешко е да им се објасни колку е важно да се вежба читањето и да стане вештина како возење велосипед, но зад проблемот стои објаснување. Едно истражување покажало дека кога се придава значење на важноста на оваа вештина, учениците побрзо ги подобруваат перформансите.

Што се вештини за извршување на задачите?

Овој термин опфаќа повеќе ментални алатки за менаџирање со задачите и постигнување на целите:

- Когнитивна флексибилност  е способност да се сврти вниманието од една задача на друга. Учениците мора да се способни на училиште да се пренасочат од еден на друг предмет. Читателите пак, го менуваат фокусот од зборот, до значењето на приказната, па претворање на буквите во гласови итн.

- Работната меморија е способноста на детето да ја држи информацијата во умот додека употребува дел од таа информација. При читање, кога се гради мислиење за значењето на текстот, добар разбирач задржува неколку идеи за текстот кои се презентирани, забележува како се поврзани, и продолжува по тој модел како што се сретнува со нови идеи во текстот.

- Отфрлување е способност да се избегнуваат информации кои го одвлекуваат вниманието што би можело да се спореди со ситуација кога детето одбива некоја играчка. Добрите читачи мора да отфрлат одредени идеи, на пример за некои други здруженија, ако наидат на збор што ги потсетува на нив, и да се држат до идејата во книгата.

Разбирањето при читање е основа за учење за сите други предмети и затоа мора да се акцентира важноста на ова. На овој начин учениците и студентите ќе впиваат полесно информации и по останатите предмети, а за среќа тоа може да се научи.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование