X
 03.03.2020 Наука

Тајна врата откриена под лондонскиот Долен дом

Минатиот месец британскиот Парламент го објави откривањето на претходно сокриен влез кој бил изграден за крунисувањето на Чарлс Втори во 1661 година.

Откритието било направено како дел од долготраен проект на реставрација на парламентарниот тим за архитектура и наследство.

- Пребарувавме низ 10.000 нерегистрирани документи поврзани со палатата во историските архиви во Свиндон, кога најдовме планови за вратата во клаустерот зад Вестминстер - истакна Лиз Халам Смит, професор и консултант по историја за проектот.

Оттаму тимот можел да ги лоцира столбовите на двете дрвени врати големи по околу 3,5 метри, со мала соба помеѓу нив.

Со помош на дендрохронологија било утврдено дека дрвото на таванот во малиот премин било пресечено во 1659 година.

Преминот бил дел од поголем пат по кој оделе луѓето од поранешната локација на Горниот дом во салата каде што седеле кралот и кралицата.

Но, постоењето на просторијата не било единственото изненадување. Внатре имало и „графит“ напишан со молив од страна на ѕидарите кои помогнале во реставрацијата на зградата по оштетување од пожар во 1834 година. Некако успеал да преживее и покрај нежноста на графитот.

Долниот дом е дел од комплексот на британската влада во Вестминстер. Заедно со Горниот дом тие се дел од Парламентот, зградата која на туристите им е најпозната по Биг бен.

Даунинг стрит 10, домот на британскиот премиер, е на само неколку минути пеш оттаму.

Крунисувањето на Чарлс Втори, како и она на другите британски монарси, било одржано во Вестминстерската катедрала. Чарлс Втори владеел до неговата смрт во 1685 година и бил наследен од страна на неговиот брат Џејмс VII.

Извор: CNN
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука