X
 14.11.2016 Култура

Да разјасниме: Лондон Сити и Лондон се две различни нешта


Тајниот Лондон Сити, независна единица на локалната самоуправа во рамки на главниот град Лондон

Великиот Лондон Сити e познат по своите историски знаменитости, модерни облакодери, древни пазари и прочуени мостови. A веројатно и како светски финансиски центар.

Повеќето од нас знаат дека е главен град и дека во него живеат 11.000 жители.

Како тоа... единаест... илјади???

Токму така. Единаесет илјади жители, бидејќи Лондон Сити е различно место од Лондон – чиј центар е Вестминстерската палата позната и како Палата на парламентот, иконичниот Биг Бен, кулата-часовник, фасцинантната Вестминстерска катедрала или Катедралата Свети Петар каде што се крунисуваат британските кралеви... е овој Лондон е дом на 8,7 милиони жители.

Затоа, ако добро погледнете во прецизната мапа на Лондон, ќе забележите една „дупка“ не поголема од една квадратна милја во близината на центарот – и токму таму е лоциран Лондон Сити, во внатрешноста на метрополата што ја нарекуваме Лондон. Дали ве збунува ова?

Без оглед на овие забуни околу имињата, овие два „Лондона“ имаат различни градски совети, избираат различни градоначалници кои собираат различни даноци за да платат различни полициски сили што спроведуваат различни закони.

Се надеваме дека следното видео ќе ви ги доразјасни нештата:


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура