X
 10.08.2018 Живот

Најтешкиот тест за таксистите - се подготвуваат и по 4 години

Да се биде таксист во Лондон не е лесна работа. За да добиете лиценца за возење на легендарното црно такси по улиците на главниот англиски град, потребно е да го положите тестот „Знаењето“ („The Knowledge“). Тој се смета за еден од најтешките тестови за таксисти во светот.

За да го полагаат тестот, возачите се подготвуваат од две до четири години - не е чудно бидејќи мора напамет да научат повеќе од 25.000 имиња на улиците и уште 20.000 препознатливи градски симболи - од паркови и цркви до ресторани, театри и кина. Всушност, тие треба да ја знаат секоја локација што туристот би сакал да ја посети.

Не изненадува што овој тест успева да го положи секој петти кандидат. Се прашувате зошто воопшто возачите треба да ги научат улиците напамет кога постои џи-пи-ес?

Возачите не смеат да користат џи-пи-ес на тестот, додека во автомобилот треба да бидат подготвени на сѐ. На пример, ако поради градежни активности се затвори една улица во градот, таксистите треба што побрзо да најдат алтернатива за клиентот да го однесат до посакуваната дестинација.

Што треба да научат таксистите за да го положат тестот, погледнете подолу.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот