Познатиот роман „Старецот и морето“ на Ернест Хемингвеј беше ставен на листата со вознемирувачки книги поради „експлицитни“ сцени од риболов. Колку и да звучи чудно, оваа одлука е реална.
Универзитетот „Хајлендс енд ајлендс“ од Шкотска, кој се наоѓа во подрачје познато по риболов, одлучил да ги предупреди студентите на потенцијално вознемирувачки сцени во книгата. Имено, во книгата старецот Сантијаго со денови се обидува да улови риба, а тоа очигледно може да биде вознемирувачко за студентите на овој универзитет.
Мери Дирборн, авторка на биографија за Хемингвеј, ја прогласила оваа одлука за бесмислена.
- Сметам дека е неверојатно на студентите да им се наведува да стојат настрана од таа книга. Светот е полн со насилство и контрапродуктивно е да се преправаме дека не е. Многу насилство во историјата влече корени од природниот свет. Тоа е едноставно законот на природата - изјавила Дирборн.
Фото: Pixabay
„Старецот и морето“ не е единствениот класик што е на листата со вознемирувачки книги. Таму се и „Илијада“ на Хомер и „Беовулф“, за кои студентите се предупредени дека содржат сцени на насилна борба. „Франкенштајн“ на Мери Шели е ставен на листата бидејќи прикажува насилно убиство и суровост, а „Ромео и Јулија“ на Шекспир прикажува сцени со убоди на нож, отров и самоубиство.
Портпаролот на универзитетот изјавил дека со предупредувањата, студентите може добро да бидат информирани пред да се одлучат за читање.
Извор:
Studentski
Насловна фотографија: Pixabay