X
 26.02.2016 Култура

Книги кои најмногу влијаеле врз Сергеј Брин, ко-основачот на Google

Во 1996 година Сергеј Брин и неговиот колега Лери Пејџ, започнале да го развиваат пребарувачот Google.

 

sergejj


На неговата страна од тие рани денови, тој напишал: „Истражувањето на интернет се чини дека е модерно денес и претпоставувам дека јас не сум исклучок“.

Денес Google е главен веб пребарувач со пазарна вредност од повеќе од 480 милијарди долари. Освен претседател, Брин е исто така извршен директор на таинствената компанија Х, чија цел е да развие технологија која ќе го промени светот како автономни автомобили.

Во интервју од 2000 година, Брин изјави дека постојат две книги кои особено го инспирирале да се посвети на неговата кариера мешајќи ја технологијата и креативноста.

„Surely You're Joking, Mr. Feynman!“, Ричард П.Фајнман

 

1


Фајнман (1918-1988) ја освоил Нобеловата награда за физика во 1965 година за својата работа во квантната електродинамика, па тој и ден денес останува гигант во својата област. Тој можеби е најпознат во поп-културата за неговата забавни автобиографски дела.

„Освен што навистина имал голем придонес во својата област, тој прилично имал широк ум. Се сеќавам на извадокот кадешто тој објаснува дека навистина сакал да биде Леонардо да Винчи, уметник и научник. Тоа го видов како доста инспиративно нешто. Мислам дека тоа води кон навистина исполнет живот“.

„Snow Crash“, Нил Стефенсон

 

2


Брајан изјавил дека Нил е неговиот голем научно фантастичен фан, како и неговиот познат роман од 1992 година, „Snow Crash“.

ВО 2010 година „Time“ овој роман го прогласи за еден од 100-те најдобри романи на англиски јазик објавени уште од основањето на списанието во 1923 година.

Во романот, приказната се одвива во дистописка блиска иднина кадешто Америка е заменета со корпоративни микросостојби и компјутерски вируси ги убиваат програмерите. Во книгата, Стефенсон го предвидува порастот на онлајн социјалните мрежи и нешто што во 2004 година ќе стане „Google Earth“.

„Книгата беше 10 години пред своето време. Тој очекуваше дека ќе се случи вакво нешто“, вели Брин.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура