X
 22.12.2016 Живот

Австралиски научник има 102 години и продолжува со работа

Најстариот австралијски научник продолжува да работи како соработник на универзитет иако има 102 години.


На Дејвид Гудол му е наредено од следната година да работи од дома, бидејќи некои вработени изразиле загриженост за него. Тие сметаат дека Дејвид го загрозува своето здравје и безбедност со тоа што доаѓа во кампусот во Универзитетот „Едит Кауан“ во западна Австралија.

По две децениска работа, во август му е кажано да си ги собере работите, пренесува BBC.

Но, универзитетот сега пронашол нов „подобар“ работен простор за него, блиску до неговото место на живеење.

„Се надевам дека ќе продолжам со корисната работа во мојата област додека видот ми дозволува“, изјавил Гудол. Неговата кариера е долга 70 години и е експерт за екологија. Напишал повеќе од 100 истражувачки стории, а сега работи како хонорарен научен соработник, без надомест.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот