„Чет ГПТ“ е нов софтвер кој користи вештачка интелигенција за да пишува текстови, решава комплексни проблеми, компонира песни, пишува домашни задачи и многу повеќе. Софтверот е креиран од страна на компанијата „Опен АИ“. Моментално над 100 милиони луѓе го користат софтверот.
Претставувањето на софтверот предизвика паника кај многу наставници и професори поради опасноста од мамење на тестови и на испити со помош на алатката. Меѓутоа, вештачката интелигенција се користи одреден период. Зошто токму овој софтвер предизвикува дебати помеѓу ентузијастите и скептиците?
Што е „Чет ГПТ“?
Одговорот на самиот софтвер на ова прашање објаснува дека станува збор за алатка дизајнирана да ги одговара вашите прашања. Софтверот користи вештачка интелигенција и машинско учење за да создаде одговори кои звучат како да се креирани од човек. Корисниците мора да имаат над 18 години за да го користат.
Морална паника
На луѓето не може целосно да им се верува кога станува збор за новите технологии. Многумина се загрижени за моралната страна на користењето на овој софтвер. Меѓутоа, луѓето порано биле загрижени за софтвери кои денес ги користиме во секојдневието. Технологијата ќе биде голем дел од нашите животи, особено за помладите.
Ризици за плагијаризам
Доказите покажуваат дека мамењето е распространето, но тоа е проблем со општествено-емоционалната природа на луѓето наместо со достапноста на алатки. Експертите велат дека најдобриот начин да се одбегне плагијаризам е да се создадат тестови на кои е потешко да се мами.
Фото: Pixabay
Подготовка на децата за вештачката интелигенција
Подготовката на децата за вештачката интелигенција значи учење нови вештини за работа со ваквата технологија. Најважно е да се развие критичко размислување и етичко донесување одлуки, како и учење љубопитност, соработка и креативност при користењето на достапните алатки. Децата треба и да знаат за опасностите од овие алатки. Забраната на ваквите алатки не е решение бидејќи колку повеќе тие се забрануваат, толку повеќе децата ќе сакаат да ги пробаат.
Како можат наставниците да користат „Чет ГПТ“?
Наставниците може да го вклучат софтверот во задачите за да ја уништат мистериозноста околу него и да посочат кон неговите предности и недостатоци. Софтверот може и да им помогне на наставниците во работата, како во создавањето тестови и слично.
Што можат да направат родителите?
Родителите не треба да претпостават дека учениците и студентите ќе го користат овој софтвер за мамење. Освен тоа, тие не треба да зборуваат за него додека не го разгледаат самите. Вештачката интелигенција веќе е дел од многу технологии околу нас. Колку повеќе знаеме за неа, толку подобро. Таа нема да го замени човечкиот мозок, но нема ниту да исчезне. Затоа, треба да се искористи нејзиниот потенцијал за да се научи како да се користи на правилен начин.
Извор:
Psychology today
Насловна фотографија: Pixabay