Факултетот за правни науки при Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе - Битола по петти пат организира Ораторски ден на МСУ. Оваа година го славевме нашиот јубилеј - 5 години од одржувањето на првиот Ораторски ден.
Годинава во финалето на Ораторските денови освен учесниците од МСУ првпат зедоа учество и студенти од Филозофскиот факултет од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје.
Студентите ги претставија своите ораторски способности преку познати говори од историски теми.
Денешната манифестација беше поделена во два дела и во двата дела настапуваа по шест студенти.
Во првиот дел учествуваа:
1. Виктор Дамчевски, студент во 4-та година на Факултетот за правни науки од Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Битола.
Наслов на говорот: „Ни го врати мирот“ од Бранко Црвенковски.
2. Димитра Цилевска, студент во 3-та година на Факултетот за психологија од Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Битола.
Наслов на говорот: „Нови пресвртници и надежи“ од Џон Кенеди.
3. Александар Милошевиќ, студент во 1-ва година на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.
Наслов на говорот : „Морални вредности“.
4. Јулијана Дојчиноска, студент во 2-ра година на Факултетот за правни науки од Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Битола.
Наслов на говорот: „Слободата е најважна“ од Маргарет Тачер.
5. Трајче Тасевски, студент во 3-та година на Факултетот за правни науки од Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Битола.
Наслов на говорот: „Слободна и обединета Македонија“ од Панко Брашнаров.
6. Мартина Јорданова, студент во 1-ва година на Факултетот за правни науки од Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Свети Николе.
Наслов на говорот: „Ми треба вашето внимание, а не вашиот аплауз“ од Мери Фишер.
Во вториот дел се претставија следниве студенти:
1. Ангела Лапеска, студент во 1-ва година на Факултетот за психологија од Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Битола.
Наслов на говорот: „За Меѓународниот ден на жената“ од Клара Цеткин
2. Стефан Караџовски, студент на Филозофски факултет - мастер-студии од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Наслов на говорот: „Јас имам сон“ од Мартин Лутер Кинг.
3. Верица Гелевска, студент во 2-ра година на Факултетот за економија од Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Битола.
Наслов на говорот: „Ми треба вашето внимание, а не вашиот аплауз“ од Мери Фишер.
4. Јордан Ѕ'мбов, студент во 1-ва година на Факултетот за правни науки од Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Свети Николе.
Наслов на говорот: „Гетизбуршки говор“ од Абрахам Линколн.
5. Снежана Толевска, студент во 1-ва година на Факултетот за правни науки од Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Свети Николе.
Наслов на говорот: „Пофалба за кучето“.
6. Игор Тошев, студент во 2-rа година на Факултетот за психологија од Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“, кампус Свети Николе.
Наслов на говорот: „Кога ѕвездите ќе се судрат, се раѓаат нови светови“ од Чарли Чаплин.
Изборот за најдобрите оратори од оваа наша манифестација го изврши жирито кое беше составено на:
1. Проф. д-р Александар Илиевски, декан на Правниот факултет при МСУ
2. Доц. д-р Гергана Дјанкова од Факултетот за педагогија на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ од Бугарија
3. Проф. д-р Дарко Трифуновиќ, директор на Институтот за национална и меѓународна безбедност од Р. Србија
За најдобри оратори за годинава жирито ги избра следниве студенти:
Прво место, златна плакета, лаптоп и комплет книги - Јулијана Дојчиноска
Второ место, сребрена плакета, таблет и комплет книги - Стефан Караџовски
Трето место, бронзена плакета и комплет книги - Виктор Дамчевски
На сите учесници им беа доделени сертификати за учество на Ораторскиот ден.
(Комерцијална објава)