X
 18.07.2020 Образование

Избери квалитет, избери традиција, избери го УКЛО: Правен факултет - Битола

Теодор Левит во една своја мудра изрека вели:

„Иднината им припаѓа на оние што можат да ја видат можноста пред таа да стане вистински видлива“.

Затоа, во време кога човек треба да донесе една од најзначајните одлуки во својот живот, а тоа е која професија да ја одбере, треба да се направи мудар избор. За да го олесните вашиот избор, еве неколку причини зошто секој што се запишува на УКЛО и сака да студира ПРАВО, треба да го избере  Правниот факултет.

ПРАВОТО Е УНИВЕРЗАЛНА ПРОФЕСИЈА

1
 
Студиите по право обезбедуваат квалитетно општо образование, како и широк спектар на занимања. Освен традиционалните правни професии, како што се судија, обвинител, адвокат, нотар, народен правобранител и сл., постојат и други професии во деловниот свет, политичкиот живот, меѓународните организации, граѓанските организации, образованието и науката и сл., кои правник може да ги работи. Нови занимања постојано се отвораат затоа што правото го следи развојот на општеството, економијата и технологијата.

СОВРЕМЕНИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ВО ТРИТЕ ЦИКЛУСИ НА СТУДИИ

2
   
Правниот факултет влезе во втората деценија на постоење и успешна работа. Тој е акредитиран за сите нивоа на студии и нуди студиски програми за додипломски, постдипломски и докторски академски студии.

-   Прв циклус: ПРАВНИ СТУДИИ
По завршувањето на академските студии од првиот циклус студентите се стекнуваат со назив дипломиран правник (240 ЕКТС кредити).

-   Втор циклус едногодишни академски студии: КАЗНЕНО ПРАВО И КРИМИНОЛОГИЈА
По завршувањето на студиите од втор циклус, студентите се стекнуваат со назив магистер по правни науки од областа на казненото право и криминологија (со вкупно 300 ЕКТС кредити).
*Во процес на акредитација се и дополнителни четири студиски програми.

-  Трет циклус: МЕЃУНАРОДНО ПРАВО И МЕЃУНАРОДНА ПОЛИТИКА
По завршувањето на академските студии од трет циклус студентите се стекнуваат со назив доктор на правни науки од областа на меѓународното право и меѓународната политика.

НАСТАВЕН КАДАР

1

2
 

Наставничкиот колегиум го сочинуваат експерти во различни правни дисциплини, како и во други општествени науки (економија, социологија, филозофија, политички науки и др.). Многу од нив се членови на меѓународни стручни организации и активно дејствуваат на домашната и меѓународната научна заедница.

ОБРАЗОВАНИЕ ПРИСПОСОБЕНО НА ТРЕНДОВИТЕ

1

2

3

   sudenje
 
Само книга не е доволна за учење!

Токму затоа, на Правниот факултет студентите имаат можност да се стекнуваат со теоретски и практични правни знаења, да развиваат елоквенција, дигитални вештини, вештини за дебата, аргументирање и расудување и за таа цел се ангажираат врвни надворешни експерти од областа на правото. Дополнително, факултетот има потпишано договори за соработка со правосудните органи, регионалните и локалните единици на самоуправа, адвокати, нотари, извршители, како и претставници од деловниот и граѓанскиот сектор, каде што студентите може да следат пракса.

Покрај таквото клиничко образование, студентите учествуваат и во симулирани судења, натпревари, обуки, а сето ова додава на вредноста на студиите, што на крајот води до побрзо вработување на дипломираните студенти.

МОБИЛНОСТ

Една од главните одлики на ЕКТС-системот е можноста за мобилност на студентитте и за следење настава на странски факултети со кои Правниот факултет има потпишано билатерални меѓуинституционални Е+ договори или со кои соработува во рамките на мрежи како што се CEEPUS  и  сл.

СТУДЕНТСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ

Гласот и ставот на студентите се најбитна и најдемократска алатка на Правниот факултет. Динамичноста на работењето на Факултетското студентско собрание и безрезервната поддршка од наставниот и административниот кадар резултираат со подобрување на образовниот систем и остварување на интересите на студентите.

ПРОСТОРНИ УСЛОВИ

Тековната академска година Правниот факултет ќе ја започне во реконструирана зграда, со подобрени и современи услови за одвивање на наставата.

Ова е само дел од она што го нуди Правниот факултет, па доколку сте заинтересирани, посетете ја неговата веб-страница, следете го на „Фејсбук“ и истражете сè што ве интересира!

БИДЕТЕ И ВИЕ ДЕЛ ОД УСПЕШНАТА ПРИКАЗНА!

studiram

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование